Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре забележува дека Македонија е единствената земја заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заглавени во сопствената земја.
-Ова што го прават е на граница со лудило.Ние моментално сме единствените во свет кои сме заробени во сопствената држава. Eвентуално Северна Кореја. Кога ќе кажеш Македонија сега синонимот е повеќе на Северна Кореја отколку на Европа. Каде го има тоа со важечки пасош што ти го издава државата да не можеш да излезеш од сопствената земја-посочува министерот.