На настанот на кој Тошковски даваше изјави беше присутен и новинарот Фуркан Салиу кој го праша дали тој нападнал или спречил полицаец во вршење службено дејство. Како што објасни министерот, според службените белешки доставени од полицајците, а во кои тој имал увид, и согласно информациите од полицајците кои биле нападнати, Салиу нападнал службено лице. Според снимката што тој лично ја видел, Салиу спречил овластено службено лице во преземање одредени дејствија

Како што објасни министерот, според службените белешки доставени од полицајците, а во кои тој имал увид, и согласно информациите од полицајците кои биле нападнати, Салиу нападнал службено лице. Според снимката што тој лично ја видел, Салиу спречил овластено службено лице во преземање одредени дејствија.

„Не е важно што јас сум видел, јас не поднесувам кривична пријава ниту судам. Никој нема право да злоупотребува никаква позиција во ова општество, без разлика дали е новинар, доктор, адвокат или министер. Никој нема право да нападне службено лице и никој нема право да нападне новинар. И законот треба да важи за сите“, нагласи Тошковски.

Тошковски го повика Салиу да биде искрен и да одговори дали имал физички контакт со полицаец, на што Салиу одговори: „Во ниту еден момент“.

По ова Тошковски му врати: „Лажете, господине Фуркан“.

На прашањето на Салиу зошто бил извршен претрес на неговото возило без негово присуство, Тошковски нагласи дека бил извршен преглед.

„Известен сум дека при извршен преглед на вашето возило е пронајден пиштол. Многу е битно пиштолот да го чувате дома, а не во возило и на спортски настан, да го користите согласно одредбите од законот“, рече Тошковски.

Салиу го праша Тошковски што доколку се утврди дека тој не нападнал полицаец.

„Ќе ви се извинам лично, нормално, но тоа не го видов на камерите“, истакна Тошковски.

Тој најави дека внатрешна контрола ќе ги испита сите дејствија и апелираше до јавноста да не подлегнува „на класичните манипулации кои беа пласирани од одредени политички партии“.

„Не беше приведен ниеден што не нападнал службено лице или, пак, не спречил службено лице во вршење на службата. За сите овие настани ќе има соодветни докази“, нагласи тој.