Панче ТОШКОВСКИ
Утрово бев во Трново, на традиционалната Семакедонска средба, по повод Илинден – празникот што е симбол за стремежот на македонскиот народ да биде свој на своето.
Денес не сме тука за да се потсетиме на минатото како на нешто изгубено, туку за да се инспирираме од него. Да ја претвориме жртвата на нашите предци во сила што нè носи напред. Денес, од Трново, испраќаме порака на самодоверба, дека сме способни, дека сме обединети, дека можеме и дека сакаме. Не за да бидеме против некого, туку за да бидеме за себе, за Македонија.
Нека е за многу години Илинден!
Да ни е честит празникот!
Да е вечна Македонија!