Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците за патни фокументи била тема на разговор на средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.
На средбата е заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.
Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, вели Тошковски.