Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека против шестмина началници во МВР е поведена дисциплинска постапка пред Внатрешна контрола поради непостапување, откако на дополнителниот заменик началник на СВР Скопје од автомобил му била украдена пушката.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапувајќи по пријава во врска со извршена тешка кражба врз возило управувано од страна на полициски службеник во која е украдена пушка малокалибарка, доделена на сегашниот дополнителен заменик началник на СВР Скопје, констатираше дека се направени низа прекршувања во полициската постапка, вели Тошковски.

Појаснувајќи го случајот вели дека не била поднесена пријава и не констатирале прекршек.

-Имено, полициските службеници од ЕНТ-ДО не поднеле кривична пријава и покрај тоа што за пушката имало основано сомнение дека е предмет на сторено кривично дело, потоа не биле извршени минималните проверки, не е известен надлежен јавен обвинителен и истата не била дадена на вештачење. Притоа, полициските службеници не констатирале прекршок и не била поднесена прекршочна пријава против лицето кое во тој момент било началник на Секторот за внатрешни работи Скопје. Во насока на целосно расчистување на настанот, против полициските службеници – началник на ЕНТ, Началник на одделение за ЕКР, главен инспектор во ЕНТ, самостоен инспектор за имотни деликти во Центар и Бит Пазар и виш инспектор во ЕНТ поднесена е иницијатива за поведување дисциплинска постапка, вели Тошковски.