Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од негова страна.
-Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи.