Се вештачат над 70 мобилни телефони и 30-тина дестоп и лаптоп комјутери, се прават проверки и анализи за истрагата во Кочани. Течат и оние 300 распити кои ги најави обвинителството, со цел да се утврди вината и за кобниот 16-ти март, но и системските пропусти кои се правеле од институциите во континутиет една деценија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека во најкраток временски период истрагата ќе финишира.
„Истрагата која што се води од страна на јавното обвинителство, сето она што е преземено досега е споделено со јавноста, истрагата се уште е во тек. МВР постапува по насоки добиени од ОЈО. Се надевам дека за максимално краток временски период ќе завршиме со целокупната истрага за да се продолжи со понатомошниот тек на постапката“ рече Тошковски.