Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е назначен за главен тренер на Тотенхем, објави прес-службата на клубот од Лондон.

Договорот на 47-годишникот е до крајот на сезоната 2025/26.

Последниот клуб на Тудор беше Јувентус. Претходно, тој ги водеше и Лацио, Марсеј и Верона.

На 11 февруари, тренерот на Тотенхем, Томас Франк, кој беше во клубот од летото 2025 година, беше отпуштен.

Тотенхем има 29 бода по 26 натпревари и е на 16. место во Премиер лигата. (МИА)