Англиски Тотенхем се поврзал директно со Реал Мадрид за да му понуди трансфер на Кристијан Ериксен во Шпанија, вели „Марка“.
Шефот на „петлите“ Даниел Леви оствари контакт со генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез оваа недела, и двајцата разговарале за можноста за договор.
И Реал и Барселона се поврзувани со 27-годишниот Данец, а неговиот договор со Тотенхем истекува летото следната година.