Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран да го привлече дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг во клубот, пишува Тутоспорт. 30-годишниот дефанзивец во моментов игра на изнајмување во Рома и настапува добро. „Волците“ прават се од себе за да го привлечат трајно, но се чини дека имаат сериозна конкуренција за неговиот потпис.
Смолинг е во добри услови со Мурињо уште од нивниот престој на „Олд Трафорд“ и тоа може да биде во корист на „петлите“. Засега, фудбалерот не брза да ја реши својата иднина и ќе почека до крајот на сезоната за да ги разгледа сите опции.
Мурињо треба да ја засили одбраната на Тотенхем во текот на летото. Тој сигурно ќе мора да најде замена за Јан Вертонген, чиј договор истекува и во овој момент одбива да потпише.