Денеска (07.01.2024) СВР Битола ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (65) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека на 06.01.2024 извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р. (63) од с. Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга.
Имено, на 06.01.2024 во 17:15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба.
Во 19:35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото.