Жена го загуби животот откако пожар утринава избил во семејната куќа на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека утрово во 08:56 часот бил пријавен пожар во куќа сопственост на Ш.Д.(70) од Тетово.
-Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д.(70) од Тетово, сопруга на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово, велат од тетовската полиција.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.




