Американското Министерство за правда покрена истрага за смртта на тинејџер од Вашингтон, кој беше застрелан од полицаец кој седел зад него во автомобил.
Даланео Мартин (17) на 18 март спиел во украдено паркирано возило кога полицијата дошла, ја отворила вратата и се обидела да го приведе.
На снимката од камерите на униформите на полициските службеници се гледа како полицајците се прикрадуваат во автомобилот со намера да го уапсат момчето. Осомничениот, кој бил Афроамериканец, се разбудил и се обидел да избега со автомобилот, иако полицаецот веќе бил на задното седиште.
Полицаецот му наредил на малолетникот да го запре автомобилот, а потоа го застрелал одзади. “Застани. Застани или ќе пукам!” му рекол полицаецот на 17-годишникот неколку секунди пред да пука неколку пати од огненото оружје.
На снимката се гледа како автомобилот удира во куќата неколку секунди подоцна, а полицајците на предниот тревник му пружаат прва помош на тинејџерот. Полицајците велат дека од автомобилот бил изваден пиштол.
Министерството за правда соопшти дека се работи за „трагичен и вознемирувачки случај“ и изрази сочувство до семејството и пријателите на убиениот 17-годишник. Претседателот на американскиот синдикат на полицијата ги бранеше постапките на полицаецот.
„Постоеше легитимна, законска причина полицаецот да биде во автомобилот, а употребата на сила беше исто така оправдана. Синдикатот стои зад дејствијата што ги презема полицијата“, изјави Кенет Спенсер за Вашингтон пост. Мајката на убиениот тинејџер Тера Мартин побарала полицаецот кој го застрелал нејзиниот син да биде отпуштен и кривично да се гони на суд.