Браќата близнаци, 56-годишните Милинко и Мирко Вучековиќ извршиле самоубиство во селото Меѓица во близина на црногорскиот град Даниловград.
Вчера откако видел дека неговиот брат Милинко се разнесол со експлозив, Мирко си пукал во себе со ловечка пушка, соопшти полицијата.
Милинко вчера околу 13 часот активирал експлозив откако тешко болниот брат му рекол дека не сака да се лекува, односно дека побргу ќе си го одземе животот отколку да оди во болница на операција.
Трагедијата иако се случила во 13 часот, нивните роднини многу подоцна ги пронашле безживотните тела на двајцата.
Од полицијата не соопштија други детали за трагедијата во Даниловград освен тоа дека близнаците како што се родиле, така и заминале во смрт, со разлика од неколку минути.