Четиринаесетгодишно девојче се удавило денеска во базен во Битола.
Според сведочењето на присутните, 14-годишно девојче се удавило на олимпискиот базен „Император“.
Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
Изненадува фактот дека несреќата се случила пред поголем број посетители на базенот, а никој не забележал дека девојчето се дави. Исто така базенот треба да има служба за спасување, која е обучена да им притекне на помош на гостите токму во вакви ситуации.