Пратеникот потсети и на досегашните обиди за инсталирање на т.н. „глува соба“ во Собранието, односно просторија заштитена од било каква можност за прислушување, но, како што истакна и по четири пропаднати тендери, Законодавниот дом сè уште кубури со ваков систем за заштита.
Говорејќи за самиот случај „Онишченко“, Трајанов во емисијата рече дека сите вработени во безбедносните служби, во обвинителството и во судовите треба да поминат „сито и метла“
Пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој е дел од парламентарното мнозинство вели дека не се осудува да зборува отворено во Законодавниот дом затоа што никој не гаранатира дека Собранието е заштитено од надворешни системи за прислушување.
Трајанов ваквите согледувања ги изнесе во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, во врска со случувањата во петокот минатата недела, кога се случи инцидент на јутјуб-каналот на Собранието, на кој „протече“ дел од излагањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност АНБ, Виктор Димовски за случајот „Онишченко“.
„Немам гаранција и нема кој да гарантира дека Парламентот е заштитен од надворешни системи за прислушување. Таква гаранција нема, а тоа треба да ни го гарантира Агенцијата за национална безбедност. Бидејќи тие се задолжени да гарантираат заштита на сите“, рече Трајанов.
Пратеникот потсети и на досегашните обиди за инсталирање на т.н. „глува соба“ во Собранието, односно просторија заштитена од било каква можност за прислушување, но, како што истакна и по четири пропаднати тендери, Законодавниот дом сè уште кубури со ваков систем за заштита.
„Нека ја направат. Друга можност е во Агенција за национална безбедност. Инаку, немаме протокол. Еден влегува со два телефони. Првиот го остава, а другиот не го остава“, додаде Трајанов.