На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Чаир се обрати носителот на советничка листа Никола Трајановски.
За кандидатската листа на советници Трајановски рече дека тоа се личности што носат свежина, скромност, човечност, конкретни решенија, предизвици со кои што секојдневно се соочуваме во нашата општина.
-Заеднички поминавме многу тешки моменти, периоди на политички кризи, поделби но и времиња на победи, рече Трајановски.
Тој потенцира дека е роден и израснат во Чаир, општина во срцето на Скопје, местото каде што е мојот дом.
-Нашата заложба е локланата самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, рече носителот на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ Никола Трајановски.
-Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
На крај тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.