Трајко ВЕЉАНОВСКИ на ФБ

Читам поранешна пратеничка (Лилјана Поповска, нз.), се освестува и бара Уставен суд да го поништи Вториот протокол склучен помеѓу Македонија и Бугарија.

Само за потсетување, за да има втор протокол склучен на 17 јули 2022 година од Бујар Османи и Теодора Генчовска, треба да има прв протокол кој е склучен на 10 јуни 2019 година од Никола Димитров и Екатерина Захариева, а за да има протоколи треба да има договор.

За жал, на 1 август 2017 во првите 100 дена од новата влада, Зоран Заев и Бојко Борисов го склучија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

За потсетување, тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и многу други договори и акти предложени од Владата на Зоран Заев.