Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше медиумите кои објавија дека неговиот специјален пратеник чекал со часови да биде примен од рускиот претседател Владимир Путин.
„Болни дегенерици“, рече тој и додаде дека тоа се лажни вести.
„Повторно лажни вести, како и обично! Зошто еднаш не можат да бидат искрени? Синоќа прочитав дека рускиот претседател Владимир Путин го принудил мојот специјален пратеник Стивен Виткоф да чека на прием девет часа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“. Тој додаде дека немало чекање и дека целта на ваквата вест била понижување.
Тоа се болни дегенерици кои треба да почнат да објавуваат точни вести“, рече американскиот претседател, додавајќи дека немало деветчасовно чекање, поточно никакво чекање.
Тој исто така додаде дека имало и други средби со руски претставници кои траеле одредено време, но биле многу продуктивни. „Од тој момент се започна брзо и ефикасно и сите показатели се многу добри“, заклучи тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Путин вечерта на 13 март го примил Виткоф, кој на руската страна и пренел информации во врска со разговорите меѓу американската и украинската делегација, а преку него рускиот претседател му пренел порака и дополнителни сигнали на Трамп.