Околу илјада американски војници распоредени во северниот дел на Сирија добија наредба да се повлечат од земјата, изјави неименуван американски претставник.
– Ние ја спроведуваме наредбата. Повлекувањето се однесува на сите војници распоредени во Сирија, освен за оние во базата Ал Танф, која се наоѓа во јужниот дел на земјата и е контролирана од околу 150 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер вчера изјави дека САД ќе повлече илјада војници од северна Сирија, но не појасни дали тоа значи американските војници да заминат од Сирија или само ќе ги напуштат зоните каде се борат турските и курдските сили.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека САД нема да се вклучат во уште една војна помеѓу луѓе кои се борат 200 години едни против други.
– Дали луѓето навистина мислат дека треба да влеземе во војна против Турција, која е земја членка на НАТО? Бесконечните војни мора да завршат, истакна Трамп.