Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја промени традицијата на чествување на националниот празник и ќе има говор на 4 јули.
На Твитер Трамп објави дека на 4 јули ќе се одржи „еден од најголемите настани во историјата на Вашингтон“.
– Тоа ќе се нарекува Поздрав од Америка. Ќе има голем огномет, забава и говор од вашиот сакан претседател,јас!, нагласува Трамп.
Претседателот на САД обично нема говор за време на националниот празник. Трамп појаснува дека големиот настан ќе се одржи на 4 јули во меморијалниот центар Абрахам Линколн. Минатата година тој планираше воена парада за 4 јули, но се откажа поради цената и отпорот од општинските власти.