Американскиот претседател Доналд Трамп во говор што ќе биде денеска ќе им порача на венецуелските војници дека треба да „дејствуваат во насока на демократија“, или ризикуваат да загубат се што имаат.

– САД знаат каде воените офицери и нивните семејства кријат пари во светот, откри Белата куќа делови од обраќањето на Трамп што ќе биде денеска на Универзитет во Мајами.

Трамп ќе спомене дека војската на Венецуела треба да овозможи влез за хуманитарната помош за државата.

Трамп ќе упати силна поддршка на претседателот на Националното собрание, Хуан Гуаидо кого САД го признаваат како легитимен претседател на венецуела.

Белата куќа објави дека и моментниот пат на Венецуела кон демократија е директен и неповратен и дека „воените офицери имаат јасен избор – да дејствуваат во насока на демократија за нивната иднина и на нивните семејства, или ќе загубат се што имаат“.