Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа.

– Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап до море, рече американскиот претседател пред новинарите на почетокот на разговорот.

Трамп ја повика Европа да „ја почитува Унгарија и нејзиниот лидер Орбан“.