ТРАМП ДО ИРАК: Прво платете ни што бевме тука, после може да си одиме!

/ 06.01.2020

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторува дека ќе ги нападне ирачките клутурни богатства, истовремено отфрлајќи ја загриженоста во рамките на неговата администрација дека тоа може да претставува воено злосторство според меѓународното право.

Трамп го предупредува Ирак дека ќе биде казнет со санкции ако ги протера американските трупи во знак на одмазда за американскиот напад во Багдад, во кој загина висок ирански функционер:

„Ним им е дозволено да ги убиваат нашите луѓе. Ним им е дозволено да ги мачат и да ги осакатуваат нашите луѓе. ним им е дозволено со бомби покрај патот да ги разнесуваат нашите луѓе. а ние не смееме да ги допреме нивните културни локации? не оди тоа така“, рече Трамп.

Инаку, убиството на Сулејмани предизвика бес на Блискиот исток, вклучително и во Ирак, каде што сè уште се наоѓаат повеќе од 5.000 американски војници, 17 години по американската инвазија.

Парламентот на Ирак во неделата гласаше за необврзувачка резолуција во која се бара протерување на американските сили.

Трамп рече дека Соединетите Држави нема да заминат без да им биде платено за воените инвестиции во Ирак со текот на годините – а потоа рече и дека ако трупите мора да се повлечат, тој ќе го погоди Багдад со економски казни.


Од истата категорија