Американскиот претседател Доналд Трамп забележа мала победа во правната битка против изборните резултати откако во Пенсилванија е наредено да прекинат сите понатамошни активности во врска со потврдување на резултатите од изборите во таа држава.

Судијката Патриша Мекалоу, по барање на републиканците, нареди прекин на верификација на резултатите од изборите.

Овој успех, иако не може да ја поништи проектираната победа на новоизбраниот претседател Џо Бајден, ги одржува во живот тврдењата на Трамп за изборни манипулации, пренесува „Вашингтон тајмс“.

Трамп на Твитер напиша дека одлуката на Пенсилванија е „голема вест“.

Според адвокатскиот тим на Трамп, спорни се околу 670.000 гласови, за што тие бараат да бидат отфрлени.