Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер повторно го нападна медицинскиот персонал кој се бори против Ковид-19, обвинувајќи ги дека си играат политика и ја отежнуваат економската обнова.
Трамп на Твитер сподели објави на одредени конзервативци, но директно не ги коментираше.
– Сите лажат. Центарот за контрола и превенција на болести, медиумите, демократите, нашите лекари, не сите, ама мнозинството, за кои ни кажаа да им веруваме, се наведува во еден од споделените твитови од Трамп.
Тој сподели и твит на приврзаник на теориите на заговор.
Додека советниците на Трамп ги интензивираа нападите врз владиниот експерт за заразни болести Ентони Фаучи,. Тие наводно ги испратиле до американските медиуми сите изјави на Фаучи од почетокот на пандемијата кои не биле точни.
Трамп минатата недела изјави дека Фаучи е „добар човек, но оти направил многу грешки“.
Фаучи неколку недели не гостувал на американските телевизии, а не го брифирал Трамп од минатиот месец.