Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше својот поранешен лекар Рони Џексон, како асистент и главен медицински советник, соопшти портпарол на Белата куќа.
Џексон го предводеше медицински тим, кој ја испитуваше психолошката состојба на Трамп минатата година, кога беше соопштено дека претседателот е со одлично здравје и дека има „неверојатно добри гени”.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека Трамп го смета Џексон „за доверлив медицински советник и лекар”.