Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ја отфрлил понудата на рускиот претседател Владимир Путин за помош во израелско-иранскиот конфликт за време на неодамнешниот телефонски разговор, враќајќи го фокусот на нерешената војна во Украина.
Трамп со месеци се обидува да се стави крај на војната во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да „види договор“ со Русија.
Во разговор со новинарите во авион на пат кон Холандија за претстојниот самит на НАТО, Трамп изјави:
-Би сакал да видам договор со Русија. Како што знаете, Владимир (Путин, рускиот претседател) ми се јави. Ми рече: „Може ли да ви помогнам со Иран?“ Јас реков: „Не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош од тебе. И се надевам дека ќе постигнеме договор со Русија“, одговори Трамп.