Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на официјалната посета на Велика Британија во понеделник, порача дека поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон бил „извонреден“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, осносно нов премиер, по оставката на Тереза Меј.
– Мислам дека Борис ќе направи многу добра работа, рече Трамп во интервју за лондонскиот весник „Сан“.
Трамп исто така вели дека и другите кандидати барале негова поддршка.
– Јас ќе помогнам на кој било, додаде американскиот претседател.
Би-Би-Си објави дека обезбедувањето за време на посетата на Трамп, кој ќе се сретне и со членови на кралското семејство, меѓу кои и кралицата Елизабета Втора и принцот Хари, ќе чини неколку милиони долари.