Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека досегашниот секретар на одбраната, Патрик Шанахан, заминува од функцијата. Според објавата на Трамп, Шанахан е тој што решил да не продолжи понатаму и да се посвети на семејството, но засега првите реакции се дека всушнст станува збор за смена.
На негово место доаѓа Марк Еспер, а првите реакции се дека со ова Трамп сака да го намали притисокот врз него за воени акции, вклучувјќи ги и размислувањата за војна со Иран. Инаку Шанахан беше именуван на функцијата во 2017 година токму од Трамп.