Американскиот претседател Доналд Трамп избра правен тим од бранители со звучни имиња, долгогодишни експерти и адвокати, кои ќе го застапуваат во судењето за импичмент од вторник идната недела.
Во тимот се вклучени Кенет Стар, обвинител кој го презентираше случајот за отповикување на поранешниот претседател Бил Клинтон. Потоа, во вторник треба да се појави и Алан Дершовиц, поранешен професор во Харвард, кој ќе дискутира за уставните аргументи во полза на Трамп, обвинет дека ја злоупотребил власта.
Главната улога во одбраната на претседателот ќе ја има Пат Чиполоне, правен советник во Белата куќа, и неговиот личен адвокат Џеј Секулоу, кој беше претставник на Трамп за време на истрагата за руската вмешаност во изборите предводена од специјалниот обвинител Робарт Малер.
Веднаш по синоќешната објава на правниот тим, Дершовиц во изјава за радиото „СириусИксЕМ“ кажа дека неговата улога во процесот е минимална и дека тој треба да се појави само на еден час за да ги прочита уставните аргументи.
-Не сум постојан член на тимот бранители, изјави Дершовиц. Тој е еден од оние правни експерти кои се искажаа против „преупотребата на импичментот“, и „би извел сличен случај и околу импчментот на претседателот Клинтон“.
Останати членови на тимот се Пам Бонди, поранешна државна обвинителка на Флорида, Џејн Раскин, која исто така учествуваше во правниот тим на претседателот во текот на истрагата за Русија, и Роберт Реј, дел од случајот „Вајтвотер“ и истрагата на Клинтонови.
Вториот дел од процесот за импичмент веќе започна. Сенаторите завчера се заколнаа пред Врховниот судија Џон Робертс, тие имаат улога на поротници во Сенатот кој се трансформира во Суд за отповикување на американскиот претседател.
Ако поротнците изгласаат за отповикување, Трамп треба да ја напушти Белата куќа поради направено злосторство.
Претседателот постојано укажува дека не направил ништо незаконско и се жали како бил третиран, и поради тоа понекогаш се дефокусира. Синоќа, во текот на прием на спортисти во неговиот кабинет тој искажа, благо речено, уличарски и непримерен коментар.
-Овалната соба видела добри претседетатели, и не толку добри. Но вие сега имате добар претседетал, иако тие се обидуваат да го отповикаат кучкиниот син. Ви се верува? кажа Трамп.
Во меѓувреме се појавија нови откритија околу случајот со Украина и задржаната помош.
Од Канцеларијата на главната државна ревизија изјавија дека Белата куќа прекршила федерален закон со задржувањето на воената помош за Украина, земја која граничи со сила која е непријателска како кон Киев така и кон Вашингтон.