Американскиот претседател Доналд Трамп напиша денеска на Твитер дека Северна Кореја ќе напредува како Виетнам доколку се денуклеаризира.

– Виетнам се развива како малку која земја во светот. И со Северна Кореја ќе биде исто, многу брзо, доколку се денуклеаризира, истакна Трамп пред денешната средба во Ханој со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Тој додаде дека „потенцијалот е одличен и тоа е голема шанса, како ниту една друга во историјата, за мојот пријател Ким Џонг-ун“