Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп си честитаа, преку своите помошници, 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија, објави денес ТАСС, повикувајќи се на помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.
ТАСС објави дека амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Лин Трејси, не присуствувала на денешната парада по повод Денот на победата во Москва.
Во Москва денес се одржа Парада на победата во знак на одбележување на победата над фашизмот во Втората светска војна, на која присуствуваа бројни светски претставници, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ.