Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран го организирал денешниот напад врз американската Амбасада во Багдад и ќе сноси одговорност за тоа.
„Иран уби американски цивилен подизведувач и повреди многу други. Ние одговоривме цврсто и секогаш ќе правиме така. Иран сега организираше напад врз Амбасадата на САД во Ирак. Тие ќе сносат целосна одговорност. Очекуваме Ирак да ги употреби своите сили за безбедност за да ја заштити Амбасадата“, објави Трамп на Твитер.