Американскиот претседател Доналд Трамп денеска истакна дека не сака промена на режимот во Иран.

„Тоа би довело до хаос“, изјави тој за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, на пат кон Хаг, каде ќе присуствува на Самитот на НАТО.

Во исто време, Трамп повтори дека Иран не треба да се здобива со нуклеарно оружје, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил и му понудил помош за наоѓање решение за иранското прашање. Американскиот претседател не прецизираше кога разговарал со својот руски колега.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во меѓувреме, во објава на мрежата „Икс“ повика да се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Иран и да бидат обновени преговорите за иранската нуклеарна програма.

МИА