Стејт департментот по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја укине директната помош за Гватемала, за Хондурас и за Ел Салвадор поради карванот мигранти.

САД со години соработуваа со тие држави со цел да се стабилизира нивната економија и политичка клима, а нивните жители да не имигрираат. Според Трамп американската помош не ги дала очекуваните резултати.

– Не ги плаќаме повеќе бидејќи ништо не направија за нас… Ја прекинав исплатата за Гватемала, за Хондурас и за Ел Салвадор, истакна Трамп.