Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Генералното собрание на ОН нагласи дека Кина мора да одговара пред светот за своите постапки во врска со пандемијата Ковид-19.
Во снимената порака објавена на годишниот состанок на ОН, Трамп го обвини Пекинг дека дозволил коронавирусот „да ја напушти Кина и да го зарази светот“.
„Обединетите нации мораат да ја сметаат Кина за одговорна за своите постапки“, наведе тој.