Американскито претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа в светот починаа над 24.000 луѓе.
– Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот, изјави Си во телефонскито разговор со Трамп.
Додека Трамп на Твитер напиша дека „Кина помина многу и добро го разбира вирусот. Блиско соработуваме за тоа прашање“.
Трамп и други американски претставници ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна за коронавирусот.
Си им понуди помош на САД, во момент кога има поголем број заразени лица со Ковид-19 од Кина.
Кинескиот претседател истакна и дека Пекинг и Вашингтон треба да имаат комуникација за спречување на вирусот.
– Соработката помеѓу двете држави е единствен прав избор, посочи Си.