Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неодамна сподели видео обраќање до нацијата преку својот Инстаграм профил во кое презентираше план за, како што истакна, „заштита на децата и младите од левичарските родови агенди и идеологии за промена на полот“.
Најавата на Доналд Трамп ја пренесуваме во целост:
„Левичарите безумно ги малтретираа нашите деца. Ова е мојот едноставен план да го стопирам хемиското, физичкото и емоционалното осакатување на нашата младина. На мојот прв ден на функцијата, ќе ги прекинам суровите политики на Џо Бајден за таканаречената грижа за потврдување на полот. Тоа е потсмев. Ќе потпишам нова извршна наредба со која ќе ги упатам сите федерални агенции да ги стопираат сите програми кои го промовираат концептот за промена на полот на која било возраст.
Следно, ќе побарам од Конгресот трајно да престане да троши пари од даночните обврзници за промовирање или плаќање за овие процедури и да донесе закон за забрана на сексуалното осакатување на деца во сите 50 држави. Сè ќе помине брзо. Ќе го поддржам и создавањето приватно право на постапување, со кое жртвите ќе можат да ги тужат лекарите кои непростливо вршеле вакви зафати врз малолетни деца.
Одделот за правда дополнително ќе ги испита големите фармацевтски и болнички синџири за да утврди дали тие намерно ги прикриле ужасните долгорочни последици од сексуалната транзиција за да се збогатат на сметка на ранливите пациенти. Во овој случај, исклучително ранливи.
Пет совети за нега на рацете во зима
Ќе побарам од Конгресот да донесе закон со кој американската влада ќе го признае постоењето на само два пола: машки и женски, и доделени при раѓање.
Под мое водство, ова лудило ќе заврши. Ви благодариме за вниманието!“
Ова обраќање предизвика бурни, главно позитивни, реакции на социјалните мрежи.