Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Пентагон ќе ја претстави долгоочекуваната стратегија на неговата администрација за развој на американските системи за противракетна одбрана.
Првично стратегијата беше најавена за јануари 2017 година, но многупати беше одлагана. Тоа ќе биде прво осовременување на стратегијата за ПРО на САД од 2010 година.
Новата стратегија ќе биде фокусирана на одговори на закани од нови оружја во Русија и Кина, како и од Иран или Северна Кореја.
Стратегијата е документ од 80 страници. Во него Пентагон претставува идни проекти со цел заштита на САД од новите ракети на Кина и Русија. Тие ракети може да летаат со над 5.000 километри на час односно четири пати побрзо од брзината на звукот. Откако ќе бидат истрелани речиси е невозможно да бидат пресретнати.