Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да го откаже состанокот со рускиот претседател Владимр Путин на самитот на Г20 во Аргентина поради поморскиот судир на Русија со Украина.
Трамп изјави дека очекува „целосен извештај“ од својот тим за национална безбедност во врска со руското запленување три бродови на украинската морнарица и апсењето нивни екипажи.
Трамп додаде дека за тоа ќе има став откако ќе го види извештајот.
– Можеби нема да имам состанок, не ми се доапаѓа таа аагресија и воопштио не ја сакам, изјави тој за Вашингтон пост.
Трамп треба да се сретне со Путин на маргините на самитот на Г20 во Буенос Аирес што ќе се одржи в петок и в сабота.