Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД, доколку го изгубат спорот околу легалноста на царините што се води пред Врховниот суд на САД, можеби ќе мора да ги раскинат трговските договори склучени, меѓу другите, со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја.
Во разговор со новинарите пред средбата со полскиот претседател Карол Навроцки, Трамп рече дека неговата администрација бара од Врховниот суд да ја поништи минатогодишната пресуда на Апелациониот суд на САД, со која многу американски царини беа прогласени за нелегални.
Според американскиот претседател, доколку САД го изгубат овој судски случај, Америка би станала значително посиромашна, а тоа би можело да ги загрози и трговските договори склучени во последните месеци. „Нашата земја има можност повторно да биде неверојатно богата.
Сепак, може да стане и неверојатно сиромашна. Ако не го добиеме овој случај, нашата земја ќе страда многу“, рече Трамп, изразувајќи увереност дека неговата администрација ќе победи.