Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска му се закани на производителот на моторот „Харли Дејвидсон“ дека ќе биде „оданочен како никогаш досега” ако дел од своето производство за европските купувачи го пресели од САД во странство.

-Харли Дејвидсон“ никогаш не треба да се произведува во друга земја- никогаш! Вработените и купувачите се веќе лути на нив. Ако се преселат, тоа ќе биде почеток на крајот – тие се предаа, се откажаа! Нивната аура ќе исчезне и тие ќе бидат оданочени како никогаш досега!, напиша Трамп на на Твитер.

Европските царини за увоз на мотори од САД, се зголемени од 6,0 на 31 отсто, порачаа претходно од „Харли Дејвидсон“, и додадоа дека поради тоа нема да ги зголемат своите цени, бидејќи тоа би можело да има трајни штетни последици за бизнисот на компанија во регионот.