– Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на американското разузнавање кое тврди дека Северна Кореја има ракети со дострел до бреговите на САД, бидејќи рускиот лидер Владимир Путин го уверил дека такво оружје нема, тврди поранешниот директор на ФБИ Ендрју Мекејб.

– Не ми е гајле. Му верувам на Путин “, според Мекејб биле зборовите на Трамп откако го добил извештајот на американската разузнавачка служба. За ваквото тврдење Мекејб се повикува на извор во ФБИ.

– Вработените во разузнавањето велат дека тоа не соодетствува со разузнавачката информација која ја поседуваме, изјави Мекејб, дополнувајќи дека бил шокиран од одговорот на претседателот.