Со говорот на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа заврши конвенцијата на Републиканската партија која траеше четири денови. Трамп тогаш и формално ја прифати номинацијата кандидат на партијата на следните претседателски избори, јави дописникот на МИА.

Неговото обраќање имаше два главни дела – пофалби за успесите на неговата Администрација и критика кон опонентот Џо Бајден, претседателски кандидат на Демократската партија.

Поради пандемијата на Ковид-19, конвенциите и на двете партии се одржаа виртуелно. Конвенцијата на демократите беше целосно виртуелна, додека на републиканците имаше неколку обраќање „во живо“ од разни места на САД пред мала публика.

Трамп синоќа се обрати од јужниот тревник на Белата куќа пред најмногу гости од претходните републикански говорници – речиси 1.600. Американските медиуми јавија дека многумина од присутните не носеле маски.

Претседателот го најави Иванка Трамп, негова ќерка и советник во Белата куќа. Трамп се појави на говорницата во придружба на првата дама, Меланија Трамп.

Говорот допре и економски и меѓународни теми, но централна, беше кризата со коронавирусот чие ширење, според Трамп, „Кина не можеше да го спречи“.

– Но САД ќе успеат да се вратат на рекордната благосостојба, вети тој.

Кризата со коронавирусот тој ја спореди со Граѓанската војна и Втората светска војна, и спомена за достигањата на неговите претходници, Абрахам Линколн и Винстон Черчил.

Изборот меѓу него и Бајден тој го спореди со избор меѓу отворање нови работни места во САД или нивни извоз во странство, меѓу безбедност на граѓаните кои ги почитуваат законите или власт на „насилие на анархистите, агитатори и престапници.“

Во врска со надворешната политика, Трамп исто така ги искажа успесите на САД околу на трговската војна со Кина, како ги натерал членките на НАТО да трошат повеќе за одбрана. Дека биле разгледани неповолните за САД меѓународни договори како Парискиот за климата, преносот на амбасадата во Ерусалим, признавањето на суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, повлекувањето на војската од Авганистан, воведување на засилени санкции против Иран и уништувањето на Исламската држава, со елиминација на низа терористи, вклучително и „терористот број еден, Сулејмани“.

Трамп истакна дека за разлика од неговите претходници во Белата куќа, тој успеал САД да не учествуваат во странски војни.

Укажа дека ја зацврстил безбедноста на границите со изградба на ѕид кон Мексико, и дека се води сеопфатна војна со нелегалната имиграција. Неговиот адут е економијата, и Трамп укажа дека овде биле направени многу успеси како борбата со „големата фарма“ (фармацевтската индустрија), и указите со кои се намалени цените на лекарствата, но и реформи во криминалниот кодекс.

Други теми од неговиот говор беа протестите и таканаречената „кенсел култура“ со ветувањето дека ќе го запре уривањето на спомениците, ќе ја заштити и продолжи да ја финансира полицијата, ја осуди политичката коректност во која Американците биле замотани од „крајно левите“ и порача „победа над социјализмот.“

Финалниот дел од својот говор тој го посвети на прекрасната иднина на САД која ќе настапи по неговата победа на изборите. Меѓудругото, Трамп вети дека ќе ја испрати првата жена на Месечината, а американското знаме ќе стане првото знаме забодено на планетата Марс.

– На трети ноември ќе ја направиме Америка побезбедна, посилна и по горда. Ќа ја направиме Америка велика од кога била претходно, заклучи Трамп.

Неговиот говор заврши со огномет.

За време на настапот на Трамп, Бајден испрати неколку твитови.

– Доналд Трамп не гради ѕид околу Америка, а гради ѕид околу нас. Твитот е придружен со карта на која се гледаат земјите во светот со забранет влез на државјаните на САД.

– Кога претседателот Трамп ја прими функцијата, од администрацијата на Обама-Бајден тој во наследство доби економија во подем. Тоа си го присвои, како и сè останато што има наследено во животот.

– Доналд Трамп се нарекува себеси воен претседател. Но наместо да ја предводи борбата со коронавирусот тој мавта со бело знаме, напиша Бајден.

И Бајден и Трамп се согласни во едно – дека ова се најважните избори во историјата на земјата.