Трамп на две години забранет на ФБ откако почна да зборува дека веќе во август пак ќе биде претседател на САД

/ 04.06.2021

Фејсбук на две години ги суспендира профилите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Ова се однесува на корисничките сметки на Фејсбук и Инстаграм.

Фејсбук соопшти дека постапките на Трамп се „сериозно кршење на правилата“.

Забраната започнува да се смета од датумот кога стапила во сила првата забрана, односно на 7 јануари оваа година.

„Со оглед на сериозноста на околностите што доведоа до суспендирање на г. Трамп, веруваме дека неговите постапки претставуваат сериозно кршење на нашите правила и тој заслужува највисока можна казна за нив“, соопштија од Фејсбук.

Одлуката доаѓа откако пред неколку дена беше обавено дека Трамп на свои блиски соработници им зборува дека очекува во ав густ да биде одново поставен за претседател по завршување на пребројувањето на гласовите воАризона, Џорџија и некои други држави.


Од истата категорија