Пред околу еден час, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот твитер профил најави прес конференција за 17 и 30 часот по локално време или 23 и 30 по време на Балканот.

„Важна прес конференција во Белата куќа во 5 и 30 денеска. Многу добри вести!“, напиша Трамп.

Кои се тие „многу добри вести“ засега останува тајна, но 20-тина минути по твитот на Трамп, хрватскиот неделник Национал, на сајтот објави текст во кој тврди дека Трамп ќе објави (Национал вели дека тоа ќе се случи на полноќ по балканско време) дека САД пронашле лек против корона вирусот. Се работи за супстрат од отровна билка која наводно го убива вирусот за 24 часа, а на што Американците работеле посветено во последните три месеци, иако истражувањата започнале многу пред тоа. .

Според Национал односно според неговиот извор, Трам веста ќе ја објави на прес конференцијата на која ќе биде придружуван од директорот на ФДА- американската Агенција за лекови и Алекс Азар, министреотз а здравство.

За околу три часа, ќе знаеме дали изворот на Национал, неделник кој е мошне ценет во Хрватска, е во право и дали медиумот имал извор со точни информации.