Aмерикансккот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела очекува формална објава дека коалицијата што се бори против ИД ја освоила целата територија што таа екстремистичка група претходно ја зазеде.

– Армијата на САД, нашите коалициски партнери и Сириските демократски сили ја ослободија целата територија што претходно ја зазеде ИД во Сирија и во Ирак, нагласи Трамп на состанок на кој присуствуваа официјални лица од Коалицијата против ИД.

– Тоа ќе биде формално и соопштено веројатно следната седмица… и јас сакам да го почекам тоа официјално соопштение, рече Трамп.