Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја затвори јужната граница на САД со Мексико ако мексиканските власти не стават крај на илегалната имиграција.

„Не се шегувам, тоа би можело да значи целосно (запирање) на трговијата со Мексико. Ќе ја затвораме (границата) на долго време”, рече Трамп.
Таквиот потег на Трамп би можел значително да наштети на економиите на двете земји.

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард, преку порака на Твитер нагласи дека Мексико не подлегнува на закани .

„Мексико не подлегнува на закани, ние сме одлични соседи.Прашајте 1,5 милиони Американци кои ја избраа нашата земја како свој дом, најголема заедница (Американци) надвор од САД. За нив сме исто така најдобар сосед што може да го имаат”, објави Ебрард на таа социјална мрежа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека следната недела ќе ја затвори границата на САД со Мексико или барем голем дел од границата, ако Мексико веднаш не го запре приливот на илегални имигранти кои пристигнуваат во САД од регионот.