Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако сопственикот на Тесла го критикуваше новиот закон за трошење.

„Секогаш ми се допаѓал Илон. Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би бил тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. Тоа е најголемото намалување (на трошењето) во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Тој рече дека Маск бил запознаен со тоа како функционира законот за трошење и даноци и првично немал проблем со него, но дека проблемите продолжиле кога милијардерот дознал дека тоа ќе влијае на електричните возила.

„Многу му помогнав на Илон“, додаде Трамп, според Гардијан.

Маск јавно го критикуваше законот за трошење поддржан од Трамп, нарекувајќи го „одвратен“, додавајќи дека законот „ја поткопува“ работата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој тој до неодамна го водеше.

„Жал ми е, но не можам повеќе да молчам. Ова е скандалозна, монструозна, корумпирана одлука за буџетот на Конгресот“, напиша Маск на X, додавајќи дека законот „масовно ќе го зголеми веќе огромниот буџетски дефицит на 2,5 трилиони долари“ и дополнително ќе ги задолжи американските граѓани, објави ABC News.

Законот, кој моментално се разгледува во Сенатот, предвидува дополнителен долг од дури 3,8 трилиони долари за земјата во текот на следната деценија.